Гасперини во завршни преговори со голем ривал на Аталанта

Дерби

28/05/2025

11:14

193

Големина на фонт

а а а

Џан Пјеро Гасперини е блиску до разделба со Аталанта и преземање на кормилото на голем италијански ривал, пренесуваат највлијателните италијански новинари.

Гасперини уште претходно најави дека може да ја заврши етапата во Бергамо без разлика на исходот на веќе завршената сезона, а сега целата ситуација ја зачинила Рома, чие раководство му понудило сериозен проект со солидни финансиски услови.

Преговорите со Рома биле во завршна фаза, a доколку Гасперини одлучи да се пресели во Рим, уште денеска ќе биде објавено дека ја завршува соработката со Аталанта.

Рома остана без тренер бидејќи досегашниот предводник Клаудио Раниери однапред најави дека ќе се пресели на директорска функција, а Гасперини е во потрага по нов предизвик и се чини дека „волчицата“ е идеална шанса за нова етапа во тренерската кариера.

Најавите се дека искусниот италијански стручњак ќе заработува по 5 милиони евра по сезона за тригодишниот договор кој ќе му биде понуден.