Салах ќе игра уште седум или осум сезони

Макфакс

28/05/2025

10:32

140

Големина на фонт

а а а

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах изјави дека може да игра до 40 години и дека сè уште е во преговори со клубови во Саудиска Арабија за евентуален трансфер откако ќе му истече договорот со Ливерпул, објави во средата британскиот сервис, Би-Би-Си.

Напаѓачот на Ливерпул, кој неодамна наполни 32 години, имаше добра сезона во која постигна 29 гола и запиша 18 асистенции. Салах беше најзаслужен за титулата во Премиер лигата, 20. во историјата на Ливерпул.

Според „Би-Би-Си“, Салах минатата година бил на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, но во последен момент одлучи да го продолжи договорот со Ливерпул.

„Ќе престанам да играм кога ќе почувствувам дека е вистинско време. Ако мене прашувате, мислам дека можам да играм до 39 или 40 години, но ако почувствувам дека сакам да престанам пред тоа, ќе престанам. Веќе постигнав многу – изјави Салах за египетскиот телевизиски канал „OН Спортс“.

Салах досега постигна 186 гола во Премиер лигата, што моментално го става на петтото место на листата на најдобри стрелци на сите времиња, само еден гол зад легендарниот Енди Кол.

Египетскиот интернационалец откри дека сè уште е во контакт со саудиските клубови и дека ја остава отворена можноста да се пресели во таа лига по истекот на неговиот тековен договор во 2027 година.