Омерагиќ за скандалот кој го потресе мак-фудбалот: УЕФА ни понуди помош, но ние сами ќе го решиме случајот!

Дерби

27/05/2025

13:22

516

Големина на фонт

а а а

Масар Омерагиќ денеска одржа брифинг со македонските медиумски работници и повоторно се обиде да биде максимално транспарентен кон цела јавност, говорејќи и за скандалот кој ја потресе спортската мак-сцена.

Срамните сцени од второлигашкиот натпревар меѓу Кожув и Башкими предизвика големо незадоволство кај сите фудбалски работници кои макотрпно се залагаат за подобрување на целокупната слика за фудбалот во нашата земја, а како што беше најавено, од Фудбалската Федерација веќе ги изрекоа првите казни и истите беа распределени за тренерот и директорот на Кожув.

Славчо Георгиевски и Пепи Георгиев добија двогодишни забрани за вршење на фудбалска дејност поради „местенката“ во Гевгелија, а денеска претседателот Омерагиќ откри дека истрагата се уште трае и дека истата оди во посакуван правец.

– До наредното собрание ќе се работи по постоечкиот дисциплински правилник. Досега се казнети тренерот и директорот на Кожув, имаме собрано изјави од 8 официјални лица и плус од неколку играчи. Истрагата оди во добар правец во соработка со МВР и Јавното обвинителство.

– Со случајот е запознаена и УЕФА и пројавен е голем интерес од нив, понудија помош од одделот за интегритет, но ние сакаме да покажеме дека имаме капацитет да го решиме случајот сами. Башкими не заработи казна бидејќи досега не е спомнат ниту еден учесник од нивниот табор како инволвиран во случајот, – изјави Омерагиќ.