Речиси 200 двојнички на Мерилин Монро учествуваа во хуманитарно пливање — Сите личеле на славната актерка и имале добра причина за тоа

Точка

27/05/2025

13:02

911

Големина на фонт

а а а

Над 200 жени кои личат на американската актерка Мерилин Монро учествуваа во добротворно пливање на плажата Балкерак, организирано од ирското здружение „Marilyn Mother Paddle“, со цел да се соберат средства за лекување на жени заболени од рак.

Облечени во ретро костими за капење и со руси перики, жените скокнаа во морето на плажата во округот Даблин.

Сите се потрудија да го доловат изгледот на славната Мерилин Монро, што придонесе целиот настан да изгледа мошне впечатливо.

Настанот од хуманитарен карактер привлече голем број локални жители, а беше организиран за да се обезбедат средства за лекување на жени заболени од рак во болницата „Мејтер“ во Даблин.

Целта беше да се поддржи болницата во забрзувањето на дијагнозата, подобрување на третманот и обезбедување соодветна нега за жените од цела Ирска.

Рошин Дафи, директорка за развој во фондацијата на болницата, изјави:

„Фондацијата се фокусира на четири клучни области: животоспасувачка медицинска опрема, обнова на болнички капацитети, истражување и иновации, како и поддршка за пациентите и нивните семејства.

„Неописливо сме благодарни за сестринството на Мерилин кое се собра утрово во Донбејт, во знак на поддршка за жените заболени од рак. "Marilyn Mother Paddle" можеби изгледа како забавно пливање со холивудска тематика, но тоа е многу повеќе од тоа. Тоа е пливање со возвишена цел и секоја донација ни помага да им дадеме сила и поддршка на жените во нивната борба против ракот во болницата „Мејтер“ – изјави Дафи, пренесува "The Guardian."