[ВИДЕО] Гитаристот во свој елемент, постарите луѓе збунети: Несекојдневна свадба од Србија стана вирална на социјалните мрежи

Точка

28/05/2025

20:31

1.891

Големина на фонт

а а а

Видео од свадба во Србија станува вирално на социјалните мрежи поради интересниот музички избор на младенците - музичарите свиреа метал.

Младенците и гостите, кои претежно припаѓаат на помладата генерација, „бенгаа“ на метал музика во живо, а многумина ги пофалија во коментарите на TikTok што одлучиле да бидат различни од останатите и да слушаат она што тие лично претпочитаат.
„Гитаристот конечно е во свој елемент“, „Ми се допаѓа како сите млади луѓе се собраа заедно (и јас дефинитивно би бил таму), а постарите во позадина не разбираат ништо“, „Кој разбира, ќе ја разбере музиката и ќе тресе глава“, „Сакам да одам на ваква свадба“, се некои од коментарите.



Многумина исто така напишаа дека музиката тука била многу подобра отколку на првиот танц на двојката од Македонија, чие видео го привлече и вниманието на корисниците на TikTok.
„Многу подобро од 'Иде маца око тебе'. Атмосферата е за десетка“, стои во коментарите.