Ауди и „Vertagear“ претставија „спортски“ столчиња за гејмери

Точка

28/05/2025

20:51

444

Големина на фонт

а а а

„Vertagear“, бренд специјализиран за ергономски мебел наменет за гејмери, објави партнерство со компанијата Ауди, што резултираше со креирање на нова колекција столчиња.

Моментално се достапни три модели, и тоа: „SL3800 Audi Edition“, „SL5899 RS Edition“ и „PLS4800 Audi Sport Edition“.

„SL3800“ Audi Edition доаѓа во комбинација од црна и црвена боја и чини 499 долари. Се работи за лежерно столче со мек микро-антилоп и Ауди стил, дизајнирана за удобност во текот на целиот ден.


„SL5800 RS Edition“ доаѓа во црно-бела комбинација на бои. Се работи за поспортска верзија на столче со „HygennX“ навлаки, што му овозможува на корисникот чувство на свежина и удобност дури и по долготрајна употреба. Цената на ова столче е 599 долари.


„PL4800 Audi Sport Edition“ е столче дизајнирано во црно-црвени бои. Ова е врвен модел наменет за повисоки корисници, кој обезбедува максимална потпора и има трајна микро-антилопска декорација и дизајнерски елементи на Ауди Спорт. Ова столче чини 699 долари.


Инаку секое столче има и познати елементи на „Vertagear“, вклучувајќи „ContourMax Lumbar“ за лумбална потпора и правилна положба на телото, како и „VertaAir Seat“ седиште за циркулација на воздухот и рамномерна распределба на тежината.

Моделите со „HygennX“ нудат заштита од непријатни мириси и влага благодарение на антибактериските нишки и навлаки кои брзо се сушат.

Меѓутоа „Vertagear“ вели дека столчињата не се наменети исклучиво за гејмери, туку можат да ги користат и професионалци кои поминуваат многу време пред компјутер.