Монетата со портретот на Грејс Кели се смета за апсолутна скапоценост меѓу колекционерските изданија.
Оваа исклучително ретка монета со номинална вредност од две евра претставува вистински луксуз, а нејзината вредност го надминува номиналниот износ.
Моментално оваа монета се продава за околу 4.800 евра на колекционерскиот пазар. Издадена е во 2007 година во чест на легендарната актерка и принцезата на Монако.
Причината за нејзината висока вредност лежи во исклучителната реткост, а во јавноста биле пуштени само 20.000 парчиња, што ова издание го прави едно од најретките во периодот од 2007 до 2014 година.
Neu am Lager: Monaco 2007 2 Euro Gracia Patrizia / Grace Kelly bfr: Monaco : 2 Euro Gracia Patrizia / Grace Kelly 2007 bfr Preis: 3190 Euro https://t.co/xoDsp3crkn pic.twitter.com/MP8QNARPK6
— Honscha Münzen (@Honscha_Muenzen) August 15, 2024
Интересно е тоа како нејзината пазарна вредност се менувала. Пред 10-на години колекционерите можеле да ја набават за скромни 120 евра, додека пак денес цената достигнува и до 5.000 евра, па и повеќе во зависност од состојбата на монетата.
Иако шансите се минимални ваков редок примерок да се најде во секојдневието, секогаш постои теоретска можност да се случи таква среќа за некого.