[ФОТО] Изданието на Џејн Фонда поради кое цел Кан воздивнувал: Холивудската дива и на 88 години ги украде сите погледи

Точка

26/05/2025

11:25

1.708

Големина на фонт

а а а

По 10-на дена бројни премиери и претставување на нови, но и веќе етаблирани режисери и актери, како и најразлични фустани и креации кои познатите дами ги носеа на црвениот тепих, 78 издание на Канскиот фестивал заврши.

Ѕвездите на црвениот тепих прошетале во елегантни комбинации и со стил го затвориле фестивалот во Кан, а меѓу најзабележителните била и холивудската актерка Џејн Фонда.

Дивата која во декември ќе наполни 88 години покажала дека годините се само број и дека секогаш и во секоја прилика може да бидете беспрекорно стилизирани.


Џејн Фонда во Кан се појавила во раскошен фустан од дизајнерот „Oscar dela Renta“ којшто зрачел со елеганција и гламур.

Горниот дел од фустанот имал кружен изрез околу вратот и ракави до лактот, а целосно бил покриен со цветни апликации што дополнително придонел за нежноста.

Долниот дел бил изработен од лесен материјал, а тој контраст меѓу горниот и долниот дел од фустанот ја нагласил елеганцијата.


Актерката косата ја стилизирала брановидно, а дискретните обетки дополнително го изразиле нејзиното лице и на вистински начин го заокружиле овој вонвременски стајлинг.

Што се однесува до шминката, Џејн одлучила да носи елегантни тонови кои ја нагласиле нејзината природна убавина.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?