Матеуш Куња од наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед. Соработката ќе биде официјализираната во наредните денови. Бразилскиот напаѓач ќе потпише договор на пет години.
Куња се одлучи за Манчестер јунајтед и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ нема да играат во ниту едно од европските натпреварувања следната сезона поради нивната катастрофална сезона. Бразилецот доаѓа од Вулверхемптон како нивен најдобар играч оваа сезона.
И Јунајтед и Вулвс на крајот постигнаа договор. Играчот одамна се согласи да се приклучи на тимот на Рубен Аморим, се чекаше само договор меѓу двата клуба. На крајот, цената што Јунајтед ќе ја плати за Куња е 62,5 милиони фунти.
Куња остави трага во Вулверхемптон и негова заслуга е што овој тим не се бореше за опстанок на крајот од сезоната. Тој доаѓа во Манчестер како прво летно засилување на клубот.