Арсовска во лов на дивоградби: Во Чаир затекнавме работници платени да скријат дупка, оштетени сe булевар, водовод и кабли за струја

Макфакс

25/05/2025

10:16

848

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката Данела Арсовка им порача на Владата и на МВР да не филозофираат многу и да се фатат за работа со дивоградбите кои никнуваат, да ги научат надлежностите на Град Скопје и да ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР.

Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите” и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште, објави синоќа Арсовска.

„На лице место денес затекнавме работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетија булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Ова е со цел да ја избегнат одговорноста за нивните криминали“, соопши Градот.

Дивоградба 152 општина Чаир

И денес продолжува "филозофирањето" на МВР и претседателот на Владата кој не ги знаеше надлежностите на Градот Скопје. Препорачуваме да ги ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР.


Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на "принцезата на дивограбите" и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште. 


На лице место денес затекнавме работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетија булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Ова е со цел да ја избегнат одговорноста за нивните криминали. 


Градот Скопје до овој момент ги превзема сите расположливи мерки, НИЕ ИЗРЕКОВМЕ НАЈВИСОКИ КАЗНИ, А СЛУЧАЈОТ Е ПРИЈАВЕН КАЈ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОЧНАТ ДА ПОСТАПУВААТ. 


‼️Општина Чаир и Државниот градежен инспекторат ВЕДНАШ ДА ГИ СРУШАТ ДИВО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ И ДА ЈА САНИРААТ ШТЕТАТА СО ВРАЌАЊЕ ВО ПРВОБИТНА СОСТОЈБА


‼️Министерството за внатрешни работи ВРЗ ДОСЕГА СИТЕ ОЧИГЛЕДНИ ДОКАЗИ, ДА ГИ УТВРДИ СТОРИТЕЛИТЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И ДА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ.


Апелираме до Владата и МВР да престанат со "филозофирање" да се фатат за работа, има повеќе од доволно докази, информации и аргументи кои би можеле да им помогнат во истрагата за поднесување на кривична пријава за како нивна службена должност за да се обезбеди одговорност на сторителите.

Posted by Danela Arsovska on Saturday, May 24, 2025

До овој момент ги презеле, како што велат, сите расположливи мерки, изречени се казни, а случајот е пријавен кај надлежните институции да почнат да постапуваат.

Се бара од општина Чаир и Државниот градежен инспекторат веднаш да ги срушат дивоизградените објекти и да ја санираат штетата.

Министерството за внатрешни работи врз досега очигледните докази, да ги утврди сторителите на кривични дела и да поднесе кривични пријави.

Арсовска минатата недела се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир. Таа рече дека објектот се гради без никакви документи, без проект и без одобрение за градба. Ги повика МВР и ЦУК да излезат на терен и да реагираат. Според Арсовска, станува збор за дивоградба од неколку илјади квадратни метри на државно земјиште, а како што рече, изградбата ја дозволил градоначалникот Висар Ганиу. Како што покажува на видеото, објектот се гради на еден метар до станбена зграда, односно пред прозорците на станарите.