[ВИДЕО] Крокодил на улица ги вознемири жителите на Ниш, ама бил препариран

Макфакс

25/05/2025

19:06

558

Големина на фонт

а а а

Во Ниш, Србија бил снимен крокодил, а сцената вознемирила многумина кои помислиле дека се работи за живо животно.

„Граѓаните пријавија дека на улица во Ниш има крокодил. Екипа волонтери од Здружението Зоо Планет веднаш излезе на терен и констатира дека се работи за препарирано животно. Волонтерите ја известија полицијата, бидејќи со закон е забрането да се чуваат препарирани животни кои се загрозени и се на списокот CITES“, соопшти Зоо Планет Ниш.


Излегла и полицијата.

„Полицијата излезе на терен, спроведена е постапката и информирани надлежните институции. Препарираното животно е преземено, а случајот е успешно расчистен. Им благодариме на сите граѓани за пријавувањето и соработката, како и на волонтерите и полицијата за брзата реакција. Доколку забележите слични случаи, задолжително пријавете ги до надлежните служби“, додаваат оттаму.