[ФОТО] Девојката на англискиот фудбалер долго време беше мета на навреди поради изгледот: Ги избриша сите фотографии на Инстаграм

Точка

24/05/2025

14:09

2.357

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс (26) и неговата девојка Лорен Фрајер (25) честопати се соочувале со непријатни коментари поради нивната врска.

Минатата година дури се појавија и тврдења дека Деклан ја изневерувал Лорен, но тоа се покажа како лага. 


Лорен, која го запознала Деклан во училиште во 2016 година, редовно беше мета на немилосрдни мразители кои го критикувaa нејзиниот изглед.

Со еден потег испрати порака

Иако Деклан секогаш јавно ја бранел својата девојка и кажувал колку ја сака, таа не проговори за неубавите нешта што беа напишани за неа и нивната врска. Но, со еден потег, таа индиректно одговори на критиките. Имено Лорен ги избришала сите фотографии од нејзиниот јавен Инстаграм профил.


Британските медиуми пишуваат дека непријатните коментари придонеле за нејзиното заминување од јавниот живот. Пријателите на двојката откриле за „The Sun“ како тие реагираат на мразителите. Тие тврдат дека лошите коментари оставиле траен белег врз Лорен, која едвај се појавува во јавност.


„Страдањето што Лорен го трпи поради овие кутри луѓе е ужасно. Таа и онака практично живееше во сенка, а потоа беше нападната“, изјавил неименуваниот пријател. Изворите додале дека Лорен сега внимава да не се фотографира на јавни настани, додека на нејзините пријатели им е кажано да не ги споделуваат нејзините фотографии на јавни профили на социјалните мрежи.


Деклан често ја бранел својата девојка од мразители

Парот е заедно од средно училиште и имаат дете, но сè се соочуваат со непријатни коментари како: „Тој може подобро“, „Како може да биде со неа?“, „Колку пари заработува, а погледнете ја неговата девојка“.


Инаку сè започнало пред две години на Икс (Твитер) кога некои т.н. тролови почнаа да пишуваат дека фудбалерот има „ниски стандарди“ и да објавуваат фотографии од Лорен. Ситуацијата толку излезе од контрола што дури и на прес-конференциите новинарите почнаа да му поставуваат прашања на фудбалерот за неговата девојка и ситуацијата во која се нашла. Тој неуморно ја бранел. „Таа е љубовта на мојот живот. Нема подобра личност за мене“, истакна тој тогаш.