Видеото од Анџелина Џоли и нејзиниот телохранител стана вирално: „Остави ја да дише“

Точка

24/05/2025

20:02

3.395

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Анџелина Џоли го привлече вниманието на јавноста со своето необично однесување во присуство на телохранителот што ја придружуваше на Канскиот филмски фестивал.

На видеото што кружи на социјалните мрежи, сите забележаа колку на Анџелина Џоли ѝ е непријатно додека телохранителот е во нејзина близина.

За време на вечерата, во еден момент таа ја сврти главата од него и погледна кон друг член на нејзиното обезбедување.


Покрај тоа, тој беше снимен како се обидува да „украде“ букет цвеќе од нејзината рака додека таа разговараше со обожавател.


Watch on TikTok

„Знам дека тоа му е работа, но те молам остави ја да дише“, „Потребен ѝ е телохранител да ја заштити од сопствениот телохранител“, „Зошто уништувате нечиј живот и углед?“, „Да беше проблем за неа, таа ќе го отпуштеше“, се само дел од коментарите.

Американските медиуми побараа од Анџелина Џоли коментар за реакцијата што се гледа во ова видео, но таа не сакаше да одговори.

Анџелина во Кан присуствуваше на премиерата на филмот „Едингтон“ во режија на Ари Астер.