Без лежалки и чадори ова лето: Грција воведува забрани на 251 плажа

Точка

29/04/2026

20:24

657

Големина на фонт

а а а

Оваа година, 251 плажа во Грција е прогласена за затворена за каква било градба, вклучувајќи сè, од изнајмени лежалки и чадори за сонце до привремени дрвени конструкции.

Грчкото Министерство за заштита на животната средина наведува дека оваа одлука е донесена со цел зајакнување на заштитата на плажите од посебно естетско, геоморфолошко и еколошко значење, како и зачувување на вредните живеалишта и растителните и животинските видови што зависат од нив.

Забраната значи дека нема да можете да изнајмувате чадори за сонце или лежалки на околу 251 плажа, од кои многумина се дел од морските подрачја НАТУРА 2000, пренесе „Euronews“.


Истовремено, проширена е листата на плажи вклучени во морската програма НАТУРА 2000, кои сега се предмет на построг режим на заштита.

Во овие подрачја, доделувањето на правото на користење на брегот и плажата не е дозволено, додека интервенциите или активностите што би можеле да ја променат нивната природна форма или негативно да влијаат на нивните еколошки функции се забранети.

Мерката е дел од поширока стратегија за ограничување на неконтролираниот развој на туризмот и промовирање на поодржливо управување со грчкото крајбрежје, во време кога притисоците врз крајбрежните екосистеми се интензивираат поради развојот на туризмот и влијанието на климатските промени.