Грчка пилешка супа со лимон која ја фалат нутриционистите: Авголемоно го зајакнува организмот, го смирува стомакот и ја враќа енергијата по првата лажица

Точка

29/04/2026

21:16

162

Големина на фонт

а а а

Ако барате оброк кој истовремено грее, окрепува и му годи на желудникот, традиционалната грчка пилешка супа со лимон е вистински избор. Авголемоно е позната по богатиот вкус, кремастата текстура и спојот на состојки кои помагаат во закрепнување, зајакнување на организмот и враќање на енергијата.

Оваа грчка пилешка супа со лимон се подготвува од домашен бујон, пилешко месо, јајца и лимон, па добива нежна кремаста структура без грам павлака. Токму поради тој спој многумина ја избираат кога сакаат лесен, хранлив и вкусен оброк што му годи на желудникот, го хидрира организмот и ја враќа силата по напорен ден. Нутриционистите често ја издвојуваат како одличен избор кога е потребен топол оброк богат со протеини, витамини и лесно сварливи состојки.

Токму тоа го направила и позната српска нутриционистка Татјана Поповиќ, позната и како Totallywellness, на својот сајт, која вели дека подготовката на оваа супа е покомплексна, но дека резултатот е фантастичен.

Потребни состојки:

- 1 цело пиле, исечено на филети (околу 1,5 кг со отстранета кожа)
- 12 чаши вода
- 2 моркови, исечени на помали парчиња
- 2 стебла целер, преполовени
- 1 главица кромид, исчистена и преполовена
- 2 ловорови листа
- 5 зрна црн бибер
- 2 лажички сол + дополнително по вкус
- ½ чаша тенки оризови нудли за супа
- 3 јајца
- 1 лажичка рендана кора од лимон
- сок од 2 лимона
- прстофат бибер (по желба)


Подготовка:

1. Ставете ја водата во голем сад, па додадете го пилешкото месо, морковот, целерот, кромидот, ловоровиот лист, зрната црн бибер и солта. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете околу 1 час и 30 минути.

2. Потоа извадете го пилешкото месо и зеленчукот од садот, ставете ги во посебен сад и оставете ги настрана. Супата што останала внимателно процедете ја и вратете ја во садот, па оставете да зоврие. Одвојте околу 2 чаши супа и оставете ги настрана.

3. Подгответе ја смесата од јајца и лимон. Со рачна маталка матете ги јајцата додека не станат пенести. Потоа во истиот сад додадете ја кората од лимон и сокот од лимон и добро измешајте. Во смесата додадете две чаши супа, повторно добро измешајте и оставете настрана.

4. Во супата додадете ги оризовите нудли и варете околу 8 минути, додека не омекнат.

5. Добиената смеса од јајца и лимон сипете ја во садот со преостанатата супа и оризовите нудли, па варете на умерена температура околу 5 минути. Внимавајте супата да не зоврие по додавањето на смесата од јајца и лимон.

6. Зачинете ја супата со сол и бибер. Традиционално, Грците ја служат оваа супа без пилешко месо или зеленчук. Меѓутоа, доколку сакате, можете да ги вратите назад или да ги послужите одделно.

7. Послужете и уживајте.