Наполи и Интер вечерва ќе ги одиграат последните натпревари од актуелната сезона во Серија А, а по истите ќе биде познато која екипа ќе слави шампионска титула.
Наполи го пречекува Калјари со бод предност во однос на Интер кој гостува кај Комо, а за целосно невообичаена ситуација се погрижија и тренерите Антонио Конте и Симоне Инѕаги.
Конте и Инѕаги имаа жестоки реакции кон судиите на натпреварите од претходното коло и заработија исклучувања, па сега ќе ги следат решавачките натпревари од трибините.
Иако е јасно дека фудбалерите ќе имаат јасни сугестии пред и за време на натпреварите, познавајќи го нивниот темперамент, на Конте и Инѕаги нема да им биде лесно да ги следат овие дуели далеку од клупата.
– Жал ми е што нема да бидам на клупата.
– По сезона како оваа, посакуваш да бидеш таму, да ја водиш екипата пред своите фанови.
– Имам доверба во моите асистенти, па моето срце ќе биде покрај аут-линијата иако јас физички ќе бидам на трибина, – рекол Конте.