"Fiat" во наредната година ќе претстави два нови модели со цел да ја освежи својата понуда со поголеми и попрактични возила изградени врз "Stellantis" платформата.
Овие модели се дизајнирани да ја пополнат празнината во понудата на брендот, потпирајќи се на докажани имиња и концепти. Се очекува првиот од нив, за сега именуван едноставно како "Fastback", да дебитира пред крајот на 2025 година.
Наместо да започне од нула, новиот "Fastback" ќе се развива на основа на веќе постоечки модели. Според извештаи, станува збор за комбинација на веќе пензионираниот "Tipo", актуелниот "Fastback" кој се продава во Бразил.
Оваа комбинација треба да резултира со практичен компактен кросовер наменет за широка публика. Сè уште не се потврдени опциите за погонски системи, но првичните информации укажуваат на мешавина од мотори со внатрешно согорување, хибридни системи и веројатно целосно електрична верзија.
Сепак, вториот нов "SUV" модел на "Fiat" најверојатно ќе добие поголемо медиумска и јавно внимание. За сега познат под името "GigaPanda", овој модел ќе биде значително поголем од новата "Fiat Grande Panda". Ќе претставува сестрински модел на новиот „Citroën C3 Aircross“ и ќе се нуди во верзии со пет и седум седишта.
Концептот што "Fiat" претходно го прикажа ни дава претстава за можниот изглед – надворешноста има ретро естетика, со големи "LED" светла во пиксел стил, кои неодоливо потсетуваат на некои од моделите на "Hyundai". Во разговор за "Auto Express", шефот на дизајн на "Fiat" истакна дека ќе има одредени измени во финалниот модел.
„Не можам да кажам дека ќе го реализираме точно вака, но работевме на цела оваа фамилија на возила и тие се подготвени. Концептот на "Grande Panda" беше малку претеран, но сите детали беа присутни. Тоа е, повеќе или помалку, она што ќе се случи и со "GigaPanda"“, изјави тој.
Како и новиот "Fiat Fastback", и "GigaPanda" ќе биде понудена со различни опции за погон. Се очекува да ги користи истите батерии од 44 kWh и 54 kWh како кај „Citroën C3 Aircross“, како и благата 1.2-литарска хибридна конфигурација на "Fiat". Веројатни се и класични бензински мотори, како и потенцијални верзии на етанол за пазари како Бразил.