Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателолт на СДСМ, Венко Филипче, да и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница.
„Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев. Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема“, рече Манасиевски.
Тој заклучи дека да биле Филипче или Зоран Заев на власт, немаше да имаме стратешки договор, како тој што денес ќе биде потпишан меѓу владите на Македонија и Велика Британија.