Украинската војска повторно се најде среде скандал откако уште еден истакнат офицер јавно го прозва воениот врв поради лошите наредби, кои, според него, водат кон непотребни жртви.
Офицерот Олександр Ширшин, познат по прекарот „Гениј“, на 16 мај објави дека поднесува оставка од функцијата командант на баталјон на 47-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина.
„Никогаш не сум добил поглупави наредби од овде, во секторот во кој сме сега. Еден ден ќе ги раскажам сите детали, но оваа идиотска загуба на луѓе и додворување на некомпетентни генерали не води кон ништо друго освен пораз. Нивното единствено оружје се опомени, истраги и дисциплински казни“ напиша Шишин, чија бригада беше префрлена во руската Курска област во октомври и моментално држи позиции долж границата со Сумскиот регион во Украина.
Ширшин на тој начин директно го обвини военото раководство за наредбите кои, како што тврди, довеле до прекумерни загуби на луѓе, опрема и територија – што, според него, е резултат на длабокиот јаз меѓу оние на теренот и оние кои командуваат со нив, пишува „Киев Индепендент“.
Низа скандали во украинската армија
Слични критики веќе беа изнесени во низа скандали што ја потресоа украинската армија под водство на врховниот командант Олександр Сирски. Клучните забелешки се однесуваат на неефикасната командна култура, која многумина ја опишуваат како застарена, „советска“ и која ја придружува украинската војска уште од независноста.
Во текот на 2025 година, беа спроведени обиди за реформи, вклучително и кадровски промени во Генералштабот и постепен премин кон корпусен систем, но многу од овие промени сè уште не се спроведени во пракса.
Не планував відновлювати сторінку, але це вже края.
Дебільніших задач, як на поточному напрямку я не отримував. Колись...
Posted by Oleksandr Shyrshyn on Friday, May 16, 2025
„Благодарност до Генералштабот. Се надевам дека вашите деца ќе служат во пешадијата и ќе ги извршуваат вашите наредби“ додаде Ширшин.
За кратко време неговата објава го привлече вниманието на украинските медиуми, а бројни команданти и истакнати воени функционери јавно го прокоментираа случајот.
Во објава на Фејсбук, Генералштабот објави дека ќе спроведе внатрешна истрага за околностите што довеле до оставката на Ширшин.
„Исто така, наредбите и упатствата издадени од различни нивоа на командниот синџир ќе бидат детално анализирани со цел да се процени нивната оправданост во постојните борбени услови“ се наведува во соопштението.
„Киев Индепендент“ разговараше и со двајца офицери од баталјонот на Ширшин – еден активен и еден поранешен, а тие застанаа на страната на нивниот поранешен командант.
Најжестоките битки
Ширшин ја започнал својата воена кариера во 80-та воздушно-десантна јуришна бригада на вооружените сили на Украина, пријавувајќи се како резервист непосредно пред руската инвазија. Во јануари 2023 година, тој го привлече вниманието на јавноста кога неговата фотографија во ров на која чита книгата на американскиот професор Тимоти Снајдер „На патот кон неслободата“ стана вирална на социјалните мрежи.
Во текот на летото истата година, Ширшин учествувал во украинската контраофанзива во регионот на Запорожје како командант на чета во новоформираната 47-ма механизирана бригада – единица позната по обуката во земјите на НАТО и опремена со првите украински тенкови „Леопард 2“ и борбени возила „Бредли“. Бригадата, која дотогаш немаше борбено искуство, беше испратена да ја предводи долгоочекуваната офанзива и брзо претрпе големи загуби откако доби наредба да го нападне најдобро утврдениот дел од руската одбранбена линија, таканаречената Суровикин линија.
И покрај сè, војниците кои се бореле под команда на Ширшин тврдат дека и покрај исклучително тешките услови, тој секогаш се трудел да ги извршува наредбите и да ги штити животите на своите луѓе.
Одного дня ми зробимо багато речей в останній раз, ехо якого залишиться з нами на багато років. Одного дня, але ще не сьогодні.
Posted by Oleksandr Shyrshyn on Tuesday, May 9, 2023
„Нашиот командант никогаш не дал задача што самиот не би бил подготвен да ја изврши. Затоа тој ужива длабоко почитување од целата единица. Генијалецот (Ширшин) е длабоко посветен на својата должност, својата единица и луѓето кои секојдневно му ги доверуваа своите животи – без исклучок“ рече еден офицер од баталјонот на Ширшин, кој од безбедносни причини се идентификуваше само со прекарот „САС“.
Како командант на чета, Ширшин честопати лично ги предводел војниците во борбени операции, вклучувајќи напади и евакуации – што претставува реткост меѓу високите офицери, рече командантот на вод Олексиј Назаренко, кој служел под негова команда седум месеци.
„Тој беше исклучително посветен на заштитата на луѓето во целина. Тој секогаш беше таму кога постоеше проблем со евакуација – никогаш не се обидуваше да избегне одговорност или да се скрие. Нашата бригада постојано беше испраќана во деловите од бојното поле со најжестоки борби“ истакна тој.
„Претрпевме загуби што можеа да се избегнат“
За време на битката за Покровск, Ширшин – дотогаш командант на Првиот баталјон – повторно се најде на насловните страници поради јавната критика кон повисоката команда, тврдејќи дека неговиот баталјон бил испратен да брани речиси целосно опколени позиции откако соседните единици попуштиле.
„Поради ставот на нашите генерали „ни чекор назад, стоиме до последниот војник“, претрпевме загуби што можеа да се избегнат“ изјави тој за украинските медиуми во јули.
Капката која ја прели чашата
Само неколку недели откако украинските сили ја преминаа границата во ненадејна офанзива во рускиот Курската област, 47-та бригада – опремена со тенкови „Леопард“ и „Абрамс“ – беше прераспоредена на нова фронтовска линија.
Но, бидејќи Русија испрати илјадници севернокорејски војници во секторот, заедно со некои од своите најсофистицирани беспилотни летала опремени со прикриени оптички системи, одбраната на областа стана сè поскапа и попредизвикувачка за Киев.
Конечната одлука на украинската команда за повлекување од дел од Курската област, донесена во март 2025 година, веќе беше дочекана со остри критики, а сведоштвата и снимките од теренот покажаа нагло зголемување на загубите на војници и опрема за време на повлекувањето. За 47-та бригада, која се наоѓаше најдлабоко на руска територија и беше зависна од особено ранливите рути на снабдување, ова одложено повлекување беше особено болно.