Пети разочаран од Арсенал: Доста ми е од ова…

Дерби

22/05/2025

10:59

141

Големина на фонт

а а а

Арсенал останува без трофеј во уште една сезона, година во која одново не направи исчекор во Премиер лигата, не се прослави во домашните купови, додека пак стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите каде ги загуби двата натпревари од Пари Сен Жермен.

Овие резултати дефинитивно носат дополнителен притисок кон менаџерот Микел Артата за кого нема информации дека е под притисок и би можел да биде отпуштен, ама некако се изгледа дека наредната кампања ќе мора да испорача резултати и титули.

Емануел Пети беше дел од една успешна генерација на „топчиите“ која триумфира во ПЛ, ФА Купот, Комјунити Шилд, па дефинитивно сака да види нешто повеќе од клубот од северен Лондон.

- Откако загубивме од Пари Сен Жермен, навивачите се потсмеваа на Арсенал поради тоа. Исто е и во Англија, знаете, Арсенал е добар тим, добар клуб, но сите велат дека не се еден од најдобрите клубови во Европа во однос на историјата. Тоа е затоа што не успеаја и ми е доста од тоа. Овој тим треба да ја промени ситуацијата и да освои нешто, треба да се натпреваруваат до крајот, а не само на почетокот.

- Тие треба да се вратат во деновите од пред 25 години и да бидат тимот што треба да се победи, клубовите се плашеа да играат против нас, а ние освоивме титули и стигнавме до финалето, ние правевме чекори, но тоа беше сè. Арсенал треба да се подобрува сезона по сезона и да ја освојува Лигата на шампионите за да им докаже на луѓето дека грешат, - порача Французинот.