Тотенхем ја доби премиерлигашката битка со Манчестер Јунајтед (1-0) и го освои трофејот во Лига Европа, второто по ранг натпреварување на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Овој резултат е голем успех за „петлите“ кои не се прославија во останатите конкуренции, особено во Премиер лигата каде се на 17 позиција. Меѓутоа титулата и обезбеденото место во Лигата на шампионите за наредната сезона ќе направи се останато да се избрише и заборави, но прашање е дали ќе може да се заборави големиот кикс на УЕФА на свечената церемонија.
Имено без медали на крајот останаа клучните асови на клубот од Лондон, Сон, Ромеро и Бентанкур, односно првиот човек Чеферин немаше медали за да им додели и остана само да се поздрави и да им честита.
Сосема очекувано англиските медиуми го нарекоа овој пропуст „срам за УЕФА“, меѓутоа и овој кикс не придонесе да се симне насмевката од лицата на капитенот, најдобриот играч во финалето и Уругваецот кој имаше значајна улога на средината на теренот.