Папараците го возвраќаат ударот: Познатата пејачка добива милионска тужба – причината ќе ве шокира

Точка

21/05/2025

23:24

2.482

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез е тужена поради злоупотреба на авторските права, поточно за објавување на свои фотографии на социјалните мрежи, без дозвола од авторот на истите.

Како што пренесува „Би-би-си“ фотографот и агенција поднеле тужба против Лопез за наводно кршење на авторските права, откако таа објавила свои фотографии заштитени со авторски права од забава пред доделувањето на Златните глобуси на социјалните мрежи.

Во тужбата, поднесена во саботата во федералниот суд, фотографот Едвин Бланко ја обвинува Лопез дека објавила фотографии од нејзиното пристигнување и заминување од јануарскиот настан на Инстаграм и „Икс“ без дозвола.


„Бекгрид Ју-Ес-Еј“, новинска и фото агенција, поднесе двојна тужба за истите фотографии, кои се во ко-сопственост на компанијата и „Бланко“, според судските документи.

На фотографиите, кои се појавија на нејзините социјални мрежи во вторник, без видлив воден печат, актерката носи бело крзнено палто и бел фустан и држи чанта од Шанел. Објавата на Инстаграм е насловена како „Викенд гламур“.

Бекгрид и Бланко бараат отштета од 150.000 долари за секоја употребена фотографија, како и судење за ѕвездата.

Лопез веќе се соочи со тужби во 2019 и 2020 година за наводно споделување фотографии од неа направени од други, а во 2020 година нејзината продуцентска куќа, исто така беше тужена за 40 милиони долари од жената што ја инспирираше актерката за ликот во филмот „Hustlers“.