Пред нешто повеќе од една недела, започна судењето на Шон „Диди“ Комбс. Раперот е обвинет за силување, рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и транспорт со цел проституција. Во вторник, по судењето, самиот Диди се огласи, испраќајќи порака до публиката.
„Ве сакам сите“, рече тој во судница во Њујорк, а магазинот „Пипл“ објави дека потоа додал: „Да. Љубов“. Потоа се свртел кон жената што седела во галеријата, велејќи ѝ: „Те молам, кажи му на Џастин дека мислам на него“. Се претпоставува дека мислел на својот 30-годишен син, Џастин Диор Комбс.
Според извештаите, ова не е првпат магнатот да изрази љубов во судница.
„И Њуз“ известуваат дека на вториот ден од судењето, тој направил облик на срце со рацете додека го воделе до неговото место. Многумина веруваат дека тој особено мислел на своето семејство, од кое повеќето присуствувале на судењето. Освен Џастин, Диди има уште шест деца – синовите Квинси Браун (33) и Кристијан „Кинг“ (27), и ќерките Ченс (18), близнаците Д’Лила и Џеси (18) и Лав (2).
Да потсетиме дека во вторник, поранешниот американски претседател Барак Обама беше неочекувано споменат за време на судењето. Поранешниот асистент на Диди, Дејвид Џејмс, рече дека гостите на неговите забави честопати консумирале апчиња во облик на лицето на Обама, но конкретно изјави дека Обама никогаш не присуствувал на забавите.
Едно од позначајните сведоштва беше она на поранешната девојка на раперот, Касандра Кеси Вентура. Меѓу другото, таа на суд тврдеше дека Диди ѝ се заканил дека ќе објави секс снимка ако не се согласи на една од неговите озлогласени забави. Кеси првпат го спомна тој разговор на првиот ден од нејзиното сведочење.