Пејачката Џенифер Лопез повторно го покажа својот префинет моден вкус. Таа беше фотографирана во Њујорк на прославата по повод роденден, каде што привлече внимание со својот моден избор.
Таа носеше впечатлива јакна во боја на праска, под која се гледаше свилен фустан во иста боја, а го искомбинирасо транспарентни сандали со отворени прсти и светкава чантичка.
Инаку латино дивата ја смени својата облека за време на настанот. Таа пристигна на прославата во бел фустан, сребрени сандали на платформа, а косата собрана во пунџа.
Потсетуваме, Лопез неодамна доживеа незгода среде пробата за нејзиниот претстоен настап на Американските музички награди (AMAs). Судејќи според фотографиите што ги објави тогаш, таа си ја удрила главата и се здобила со исеченица на носот. „Значи… Ова се случи“, напиша таа во приказна на Инстаграм.
После тоа, на друга фотографија покажа како изгледа нејзиниот повреден нос, а во трета објава му се заблагодари на докторот кој ја заши раната. „Една недела подоцна и со еден куп мраз и како нова сум“, напиша таа.