[ФОТО] Направи 800 тетоважи и сега жали – сакам да ги тргнам, но е прескапо. Децата бегаат од мене …

Точка

21/05/2025

16:02

661

Големина на фонт

а а а

„Жалам за моите 800 тетоважи. Сакам да ги отстранам, но не можам да си го дозволам тоа“, вели Британката Мелиса Слоун, позната и како „најтетовирана мајка во Британија“.

„Моите тетоважи привлекуваат погледи, луѓето ме покажуваат со прст, децата бегаат кога ќе ме видат … Затоа не излегувам од дома без шминка што ги покрива тетоважите“, вели Слоун, мајка на седум деца.


Во изјава за „WhatsTheJam“, таа додава: „Посакувам никогаш да не ги направев. Уморна сум од тоа што луѓето ме осудуваат. Ме гледаат како да сум луда, ми велат дека сум си го уништила лицето. Мислам дека пред тетоважите бев убава. Би сакала да ги отстранам тие на лицето, но тоа би ме чинело многу скапо.“


Поради тетоважите избегнува плажи и јавни места.

„Таквите излегувања ми се непријатни. Родителите ме гледаат чудно“, раскажува Мелиса. Таа додава дека троши големи суми на пудри за лице со кои ги прекрива тетоважите кога е во јавност.