Заборавете на „Gemini“ и „Grok“: Шефот на „Microsoft“ тврди дека ова е единствениот вистински ривал на „ChatGPT“!

Точка

21/05/2025

13:58

562

Големина на фонт

а а а

Сатја Надела, Сем Алтман и Сундар Пичаи редум го пофалија моделот „DeepSeek R1“, кој според перформансите е единствениот што сериозно му парира на „ChatGPT“ — и тоа по пониска цена.

Директорот на „Microsoft“, Сатја Надела, го пофали водечкиот модел на кинескиот „AI“ стартап „DeepSeek R1“, изјавувајќи дека тоа е првиот голем јазичен модел („LLM“) што, според него, е сериозен конкурент на квалитетот на „OpenAI“. Според неговите зборови, „R1“ го надминал „Google Gemini“, но и „Grok“, „AI“ четботот на компанијата „xAI“ во сопственост на Илон Маск.

Надела изјави за „Bloomberg“ дека „OpenAI толку отскокнуваше што никој не беше ни блиску – до сега. „DeepSeek“, особено „R1“, е првиот модел што донесе вистински напредок.“

„Microsoft“ во јануари започна да го нуди „R1“ преку својата платформа „Azure AI Foundry“, заедно со моделите на „OpenAI“, „Meta“ и „Mistral“. Потпретседателката на „Microsoft“, Аша Шарма, истакна дека „R1“ поминал ригорозни безбедносни тестирања и дека податоците обработени во „Azure“ околината не се испраќаат на сервери во Кина.


Сем Алтман и Сундар Пичаи го фалат „DeepSeek R1“ како „импресивен“

„R1“ веќе предизвика внимание од моментот на неговото лансирање на почетокот од годината, вклучително и кај инвеститорите. Директорот на „OpenAI“, Сем Алтман, ја призна конкуренцијата, опишувајќи го „R1“ како „импресивен модел“ со силни перформанси по пониска цена. Тој додаде дека појавата на „DeepSeek“ го натерала „OpenAI“ да ја забрза објавата на сопствените производи.

Генералниот директор на „Google“, Сундар Пичаи, ја пофали „импресивната работа“ на тимот од „DeepSeek“ за време на претставувањето на резултатите за четвртиот квартал од 2024 година. Тој изјави: „Мислам дека „DeepSeek“ има одличен тим. Направија навистина добра работа.“


Популарноста на „R1“ дополнително порасна во јануари, кога нивниот бесплатен четбот стигна на врвот на листата на „Apple App Store“ во САД. Тоа предизвика загриженост кај инвеститорите за можен пад на побарувачката за „AI“ хардвер, како што се „Nvidia“ чиповите, бидејќи „DeepSeek“ нуди квалитет по пониска цена – што доведе до пад на вредноста на „AI“ акциите.

Сепак, Бен Бјукенен, поранешен „AI“ советник во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, смета дека дел од возбудата можеби е преценета. Тој нагласува дека инженерите на „DeepSeek“ се „исклучително талентирани“, но дека нивните пробиви главно се резултат на работа на ефикасноста на алгоритмите – што инаку е тренд во целата индустрија.