Во отворен фудбал Кромберг & Шуберт до победа во дуелот со Glass LUX

Точка

21/05/2025

10:44

3.522

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Во отворен фудбал Кромберг & Шуберт до победа во дуелот со Glass LUX

Glass LUX 6-10(3-5) Кромберг & Шуберт

Glass LUX: Давид Блажевски 5” 20” 27” 28”, Далибор Костовски 18”, Мартин Трајановски 23”

Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 1” 22”, Иве Трифуновски 6” 11” 25” 33”, Никола Симоновски 12” 17” 38”, Горан Кузмановски 30”

Натпреварот помеѓу екипите на Glass LUX и Кромберг & Шуберт започна во брз ритам. Уште од самиот старт и двете екипи настапија со офанзивен фудбал ставајќи посебен акцент на играта во нападот. Мечот го отвори екипата на Кромберг & Шуберт со погодок преку Крстевски на самиот почеток од натпреварот во 1” со што му донесе водство на својот тим од 0-1. По одлично искористен контра напад Екипата на Glass LUX во 5” преку Блажевски го израмни резултатот на 1-1, но за неполна минута Кромберг & Шуберт повторно достигна водство со гол во реализација на Трифуновски. Во понатамошниот дел од првото полувреме дуото Трифуновски-Симоновски со два последувтелни гола го дуплира водството на Кромберг & Шуберт на 1-4. Ова ја присили екипата на Glass LUX да притисне во предно поле, па во таквата игра на на Кромберг & Шуберт голманот Симоновски искористи прилика и со дофрлање од гол до гол го зголеми водството на својот тим на 1-5. Притисокот во предно поле на екипата на Glass LUX вроди со плод во завршните минути од првото полувреме, па двете екипи заминаа на полувремето со резултат 3-5.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, играјќи отворен фудбал и на двете страни, проследен со бројни проигрувања. Во ваквата игра екипата на Glass LUX успеа да го дуплира бројот на погодоци постигнат во првото полувреме, но Кромберг & Шуберт останаа присебни, со одлична игра во делот на нападот лесно создаваа шанси кои прецизно ги реализираа, па така на крајот Кромберг & Шуберт славеше со конечен резултат од 6-10.

Во егал натрпевар ЕЛЕМ и Халк Банка ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 3-3(0-2) Халк Банка

ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 22”, Душан Спасеновски 24”, Антонио Ничевски 36”

Халк Банка: Дејан Петкоски 9”, Алпер Тахир 11”, Тигран Кандикјан 28”

Со израмнети сили започна натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Халк Банка. И двете екипи играа контролиран фудбал со внимателни проигрувања и акцент на играта во одбраната па така речиси десет минути мрежите останаа мирни и на двете страни. Во 9” екипата на Халк банка постигна гл во реализација на Петкоски за водство од 0-1. По неполни две минути на Петкоски му се приклучи и Тахир 12” со што Халк Банка дојде до водство од 0-2. Во тие моменти екипата на ЕЛЕМ заигра нешто по офанзивно, но Халк Банка успешно ги затвараше сите обиди упатени кон сопствениот гол и со то го задржаа водството на полувремето од 0-2.

Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ стави акцент играта во нападот вршејќи притисок во предно поле. Ваквата игра на ЕЛЕМ проследена со одлична реализација вроди со плод па така до 24” успеа да стигне до израмнување при резултат 2-2. По одлично искористен контра напад крунисан со гол во реализација на Кандикјан екипата на Халк Банка успеа повторно резултатски да се одвои со резултат 2-3, но екипата на ЕЛЕМ продолжи со пресинг по целиот терен па во таквата игра, во завршницата од овој дуел Ничевски кај ЕЛЕМ постигна гол за израмнување и конечен резултат 3-3.

Мицевски со четири погодоци ја водеше Окта до победа во дуелот со Корпа

Корпа 5-8(3-4) Окта

Корпа: Кристијан Велковски 5” 29”, Стефан Јовановски 6” 34”, Анел Курт 20”

Окта: Иван Мицевски 4” 17” 24” 39”, Kристијан Гроздановски 19” 20”, Александар Јовчевски 22”, Живко Котевски 33”

Дуелот помеѓу екипите на Корпа и Окта го отвори екипата на Окта во раната фаза од натпреварот, 4” со гол во реализација на Мицевски 4” со што екипата на Окта дојде до водство од 0-1. По првичното водство на Окта, дуото Велковски-Јовановски за неполни две минути не само што го израмни резултатот туку и оствари пресврт за водство на Корпа од 2-1. Се играше со израмнети сили се до крајот на завршните минути од првото полувреме кога дуото Мицевски-Гроздановски со три погодоци го вратија водството на Окта со резултат 2-4. Буквално во последните секунди од првото полувреме Курт кај Корпа постигна гол со што Корпа резултатски се приближи до Окта со резултат на полувремето од 3-4.

Во второто полувреме екипата на Окта го забрза ритамот на играта со што практично наметна темпо кое Корпа тешко можеше да го одржува поради краткиот ростер вечерва и недостигот на помошта од клупата. При ваквата околност Окта градеше контролирани напади на кои не им изостануваше реализацијата. Корпа се обидуваше со борбена игра да дојде до отворени шанси за гол, но екипата на Окта играше пресинг по целиот тере, ги користеше своите замени за да внесе свежина во играта и да го задржи брзиот ритам, и на крајот славеше во резултат 5-8.

Во дуел исполнет со адреналин Атлантик Груп подобар од ЈСП

ЈСП 4-7(1-6) Атлантик Груп

ЈСП: Гоце Крстевски 20”, Мартин Ливрински 26” 30”, Васко Мирчевски 33”

Атлантик Груп: Сашко Тодоров 5” 10”, Кристијан Филиповски 1” 20”, Љупчо Павковиќ 17” 40”, Горан Огњановски 18”

Екипата на Атлантик Груп дуелот со ЈСП го започна со динамичен игра, ставајќи изразен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра Атлантик Груп преку дуото Филиповски-Тодоров до средината на првото полувреме стигна до водство од 0-3. ЈСП возврати со пресинг по целиот терен, но речиси во секоја создадена прилика изостануваше прецизна реализација за подогок. Ова го искористи Атлантик Груп па до крајот на првото полувреме стигна до водство од 0-6. Голманот Крстевски кај ЈСП во завршните секунди од првото полувреме со маестрален шут од далечина постигна гола за резултат на полувремето од 1-6.

Во второто полувреме бевме сведоци на сосема поразлична игра, особено кога станува збор за екипата на ЈСП, која вешто ја консолидира својата игра, особено во делот на нападот, и со децидна и контролирана игра во предно поле, предводена од тројката Крстевски, Ливрински и Мирчевски, до завршницата на второто полувреме успеа да стигне до само два гола негатива при резултат 4-6. Одличната игра во делот на одбраната на ЈСП не му дозволи на Атлантик Груп да постигне ниту еден гол речиси цело второ полувреме, но тоа се промени буквално во последната минута кога Павковиќ кај Атлантик Груп при одлично одземена топка постигна гол за резултат 4-7 и победа на Атлантик Груп во овој дуел.