[ВИДЕО/ФОТО] Ужасно и бездушно: Искршени фотографиите на петмината трагично загинати штипјани во пожарот во кочанскaтa дискотека

A1ON.MK

19/05/2025

15:00

1.376

Големина на фонт

а а а

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанското дискотеката, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Фотографиите до редакцијата на МИА ги доставија роднини на починатите, кои утринава го забележале вандализмот од страна на непознати сторители.

Штипјани ја отфрлаат веројатноста дека ветерот ги бутнал сликите затоа што во Штип претходно имало денови кога ветерот бил многу посилен. Дека станува збор за вандализам покажува и тоа што на една од сликите јасно е видливо дека била брутално смачкана, најверојатно со нога.

Од СВР Штип инфомрираат дека за сега не можат да интервенираат и да спроведат истрага против непознатиот сторител или сторители, бидејќи до нив не е доставена пријава. 

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски.

Нивните фотографии беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица.