Капело: Ова не го очекував од искусен тим како Интер…

Дерби

19/05/2025

12:43

612

Големина на фонт

а а а

Интер не го победи Лацио и со тоа испушти голема шанса да дојде до пол-позиција во трката за Скудетото на едно коло до крајот на Серија А.

Наполи остана „без муниција“ против Парма, кикс кој Интер беше во позиција да го искористи, двапати водеше против „лацијалите“, ама на крајот се задоволи само со бод и во завршната рунда ќе влезе со минус еден во однос на некогашниот тим на Елиф Елмас.

- Ова не го очекував од искусен тим како Интер, вака да ја испушти титулата на едно коло до крајот на сезоната. Верувам дека сега е готово, - вели легендарниот Фабио Капело кој веќе некое време е актуелен како стручен аналитичар.

- „Нероаѕурите“ повторно се опуштија откако поведоа против Лацио. Особено по голот на Бисек на крајот од првото полувреме, тие престанаа да играат за сè“. Пеналот предизвикан од играње со рака на Бисек му овозможи на Лацио, кој е добар во тоа да не се предава, да израмни по втор пат.

- Последните 10 минути беа феноменални бидејќи двата тима се обидоа да победат, иако морам да кажам дека Интер беше поблиску. Факт е дека, како што реков претходно, момците на Инѕаги премногу често се опуштаат, необјасниво. Интер доминираше во првото полувреме, сакаше да победи, сакаше да постигнува голови. Овој Интер не се појави во второто полувреме, играше за да губи време. Беа помалку внимателни или брзи, заспаа. И не е прашање на физички пад, бидејќи сите трчаа како луди по 2-2. Станува збор за глава, менталитет, -додава Капело кој смета дека играчите на Интер премногу размислуваат за финалето со ПСЖ.

- Несвесно размислувајќи за финалето на Лигата на шампионите, кое е веднаш зад аголот во овој момент, можеби стравот од мускулна повреда го натера тимот да застане. Штета, бидејќи овој сегашен Наполи не е ист како Наполи од пред неколку месеци. Но, тоа е уште една причина повеќе да му се оддаде признание на Конте за тоа што оствари подвиг што малкумина го предвидоа на почетокот на сезоната, - заклучи дон Фабио.

Интер во последното коло му гостува на Комо, додека Наполи го пречекува Калјари.