Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, ја дозна казната од АБА лигата за инцидентот што го предизвика на вториот натпревар од четвртфиналната серија против Игокеа во Лакташи.
Плејмејкерот на Звезда, во последната четвртина бурно реагираше поради одредени одлуки на судиите, па вербално ги нападна судиите, а на крајот имаше што да им каже и на челниците на АБА лигата кои седеа во првиот ред покрај теренот.
Поради сето ова, дисциплинскиот судија Хрвоје Видан одлучи жестоко да го казни Теодосиќ.
„Врз основа на членовите 27.1 и 27.2 од Дисциплинскиот кодекс на АБА лигата на АдмиралБет, Милош Теодосиќ е казнет:
• Со забрана за настап во првите три последователни натпревари од АБА лигата, почнувајќи од првиот натпревар од полуфиналето против Будуќност;
• Казна од 10.000 евра“.
Ова значи дека Теодосиќ ќе ја пропушти целата серија против Будуќност, додека во случај серијата да трае два натпревари, а Црвена звезда излезе како победник во два натпревари, тој би го пропуштил и првиот натпревар од финалната серија.
Во случај на елиминација на Звезда во два натпревари, тој не би имал право да игра во првото коло од следната сезона, доколку сè уште е во клубот.