Бизарен крај на фудбалската лига: Ја завршија сезоната без пораз – но не го освоија првенството

Точка

19/05/2025

21:41

669

Големина на фонт

а а а

Невозможно сценарио ја одбележа завршницата на молдавското фудбалско првенство – нешто што ретко се гледа на професионално ниво. Шериф Тираспол, најтрофејниот клуб во земјата, одигра без голови во последното коло против Милсами и така ја заврши сезоната без ниту еден пораз. Сепак, тоа не беше доволно ниту за второ место.

И покрај импресивната низа без пораз, Шериф ја заврши сезоната на третото место. Пред него се пласираа Зимбру на втората позиција и новиот шампион Милсами, кој дојде до само втората титула во историјата на клубот.


Апсурден систем на натпреварување

Станува збор за расплет што не би бил можен во најголемиот дел од европските лиги, но молдавскиот систем има свои специфични правила. Шериф, кој до средината на април го водеше Мислав Кароглан, го заврши регуларниот дел од сезоната со дури 15 бода предност пред ривалите – но таа доминација не им донесе никакво конкретно предност.


Имено, по завршувањето на основниот дел од шампионатот, се зема предвид само пласманот, а шест од вкупно осум екипи влегуваат во дополнителна фаза – плејоф. При влезот во плејофот, сите дотогаш освоени бодови се бришат и се почнува од нула. Во таа фаза, секој тим игра уште десет натпревари, а тие дуели го одредуваат крајниот шампион.


Интересно е што Милсами во регуларниот дел од сезоната беше дури петтопласиран и претрпе шест порази. Но, во клучниот дел од натпреварувањето дојде до серија победи и максимално ги искористи правилата кои му одмогнаа на Шериф. Во плејофот запиша пет победи и пет ремија – резултати што на крајот беа доволни за нова шампионска титула.