Американската манекенка Џулија Фокс предизвика лавина реакции откако позираше во крвава долна облека на промоција на еден бренд во Њујорк.
Додека позираше, ја крена маицата и ја покажа крвавата долна облека. Следбениците ја пофалија за овој потег бидејќи веруваат дека покажала дека менструацијата е сосема нормална појава од која ниедна жена не треба да се срами.
„Никој на планетава не е како тебе. Те сакам толку многу“, „Модната икона што нѝ е потребна, но не ја заслужуваме. Ти благодарам“, „Треба да измислиме нов збор за икона бидејќи не те опишува доволно добро“, беа само дел од коментарите.
Таа исто така носеше огромни очила за сонце и високи чорапи. Во интервју за списанието „Ел“, таа изјави дека долго време апстинира од секс и ја објасни својата одлука:
„На жените им се испрани мозоците со тврдењето дека нивната цел треба да биде да најдат маж, да имаат деца и да се омажат.“
Инаку Фокс стана позната во 2022 година, откако почна да се забавува со Канје Вест, но тие раскинаа по само неколку месеци.