„Пресметката“ од собраниската сала меѓу Апасиев и Ристески, се пресели во ходниците: Се огласија и двајцата пратеници

A1ON.MK

15/05/2025

15:59

3.948

Големина на фонт

а а а

Инцидент се случил во во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски.

Според очевидци, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ му забележал на претседателот на Левица дека му ги објавуваат патните трошоци и почнал со навреди на лична основа, на што бурно реагирал пратеникот од Левица.

Апасиев и Ристевски и претходно, на седница на Собранието влегоа во конфликт.

Апасиев: Следен пат, нога во глава ќе добие Пеката ако ми пцуе бремена жена и дете

„Не може секој пат кога ќе се сретнеме да ми пцуе жена и дете поради тоа што му ги објавивме патните трошоци“, изјави за „Фокус“ пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев по инцидентот во Собранието кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканувал поради тоа што Левица „многу зборувале за патните трошоци“.

Апасиев вели дека пратеничката група на Левица неколку месеци наназад трпи притисоци од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека по нивните институционални реакции, никој од Собранието не интервенирал.


Причина за инцидентот е тоа што Левица објави дека Петар Ристески земал најголеми патни трошоци, околу 14.300 евра, со што многумина го нарекуваат рекордер по исплатени патни трошоци.

– Тој ме запре во ходникот и ми вели „прекини да ми објавуваш патни трошоци“. Јас му викам прекини да ми пцуеш жена и деца. Тој ми врати: „Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам“. Јас пробувам да деескалирам, а тој немаше што да врати и ме фати за врат. Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам. Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна – рече Апасиев за „Фокус“.

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание

„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во Собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е првпат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на еднa неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни“ пишува меѓудругото на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешниот инцидент во Собранието со лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на...

Posted by Petar Risteski on Thursday, May 15, 2025

Ристески вели „Неговата кавга е по принципот навреди на безбедно растојание, па „мајка бежанија“, која му ја исполни денешната цел и смисла на постоењето, а тоа е да добие дел од медиумското внимание, нешто кое се заслужува со подвизи, проекти, идеи, визија, програми, принципи, а не со циркус каков што тој неретко приредува. Токму затоа и неговата партија е бетонирана на 4.5 проценти рејтинг, како одличен спаринг партнер на СДС и ДУИ, и токму затоа тој е драгоценост која мора да се негува и од тој аспект и кон него изразувам жалење за специфичната состојба во која овој лик се наоѓа и кој секој ден не пропушта да го руши угледот на институцијата“.

„Сепак, наша улога како пратеници е да имаме конструктивен придонес во креирањето на политики и закони кои ќе овозможат развој и напредок на нашиот народ и држава, а вакви немили настани не дефокусираат од таа суштинска цел. Аман Димче, не плачи. Доста е“ напиша Ристески.