Водителката на Евровизија добила дете со светски познатиот пејач, а подоцна се приклучила во секта: „Мислев дека сум демон“

Точка

14/05/2025

13:29

891

Големина на фонт

а а а

Синоќа се одржа првото полуфинале на Евровизија и додека сите беа сконцентрирани на настапите на натпреварувачите, посебно внимание привлекоа и водителките Хејзел Бругер и Сандра Студер. На овие талентирани жени во сабота ќе им се придружи и Мишел Хунцикер, поранешната сопруга на познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти.

Мишел е родена во Лугано, во италијанскиот дел на Швајцарија, додека основното училиште го завршила во предградие на Берн. Откако се преселила во Милано со нејзината мајка, таа станала манекенка, а на 17 години позирала за Армани, Роко Бароко, Ла Перла, Колмар и многу други.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, Мишел Хунцикер била во брак со италијанскиот пејач Ерос Рамацоти од 1998 година. Тие се разделија во 2002 година, а се разведоа во 2009 година.

Преку тој брак таа стекнала италијанско државјанство, а во бракот ја добиле ќерката Аурора, која неодамна се остварила во улогата на мајка, што значи дека Мишел е – баба.


Како дошло до разводот на Ерос и Мишел?

Имено, италијанско-швајцарската убавица била најголемата љубов на Ерос, но ниту тоа не помогнало да се оттргне од озлогласениот култ „Воини на светлината“ и да се спаси нивниот брак.

За сè била виновна Мишел и нејзината опседнатост со сектата „Воини на светлината“, која ја маѓепсала и ја уверила дека најдобро за неа е да ги остави сите луѓе кои ѝ се важни и да започне нов, религиозен живот.


Сектата ѝ го уништила приватниот живот и ја одвоила од семејството и пријателите. Со мајка си не зборувала четири години. Ги почитувала строгите правила на култот на сектата, па со години не се впуштала ни во сексуални односи, за подоцна да ја искористат финансиски и ѝ земат многу пари. Во интервју за германскиот весник „Штерн“ изјавила дека ја уверувале како во минатиот живот била сопруга на офицер на СС и дека не ги спречувала неговите злосторства. Но, не било само тоа. Манекенката поверувала и дека пицата се прави од демонски состојки, па станала веган за да не биде изложена на „зла храна“.


Приказната звучи налудничаво: „Исус Христос имал сестра која се заљубила во римски војник, го издала својот брат и отишла со војникот во Рим. Но, Римјаните не сакале ниту да слушнат за неа, па таа живеела во сиромаштија и беда. Тоа било казна за предавство. Таа сестра бев јас. Верував дека тоа се случило во минатиот живот и дека таа вина ја носам на мои рамења“, изјавила своевремено Мишел.


Сектата, исто така, ја свртела Мишел Хунцингер и против Ерос Рамацоти, што на крајот резултирало со развод. Имено, тие ја уверувале Мишел дека пејачот во минатиот живот бил римскиот војник кој ја осиромашил и затоа мора што поскоро да се оттргне од него. По некое време, Ерос дознал што се случува со Мишел и ѝ поставил ултиматум да ја избере сектата или него. Таа ја избрала сектата и на тој начин пресудила на нивниот брак.


Денес, Мишел води поинаков живот – во 2013 година ја објавила својата свршувачка со Томас Трусарди, наследникот на модната куќа Трусарди. Парот доби две ќерки. И овој брак заврши неславно.