[ВИДЕО] Непријатна тишина: Том Круз одби да одговори на прашањето кое сите ги интересира

Точка

14/05/2025

08:56

1.432

Големина на фонт

а а а

Деновиве Том Круз го промовира својот најнов филм од франшизата „Невозможна мисија“, продолжение наречено „Невозможна мисија – конечна пресметка“, во Јужна Кореја со режисерот Кристофер МекКуари и остатокот од екипата. Доброто расположение на холивудската ѕвезда наеднаш спласна откако една новинарка постави прашање кое не му се допадна.

Новинарката ја интересираше можното влијание на најавените царини на американскиот претседател Доналд Трамп за филмовите направени надвор од Америка.

„Повеќе би сакале да одговараме на прашања за филмот. Благодарам“, кратко и јасно рече Том Круз, по што водителката на прес-конференцијата „неговиот став го прифати како фер одговор“, а потоа го пренасочи разговорот на други теми.


Франшизата „Невозможна мисија“, која досега има заработено повеќе од 4 милијарди долари на благајните глобално, е позната по снимањето на атрактивни локации низ светот. Последниот дел, кој ќе се прикажува во американските кина на крајот на овој месец, се снимаше во Обединетото Кралство, Норвешка и Јужна Африка.

Трамп неодамна објави план за воведување царина од 100 отсто за сите филмови направени надвор од САД, тврдејќи дека странските земји „нудат различни стимулации за привлекување американски филмаџии и студија“, што според него е „закана за националната безбедност“.

„Филмската индустрија во Америка умира со брза смрт. Холивуд и многу други области во САД се уништени“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, додавајќи: „Сакаме повторно филмови да се снимаат во Америка!


Ден подоцна, сепак, Белата куќа појасни дека ниту една од најавените мерки сè уште не е финализирана.