[ВИДЕО] Претставниците на Албанија ги воодушевија гледачите на Евросонг 2025 – Кои се тие?

Точка

14/05/2025

13:49

955

Големина на фонт

а а а

Албанските претставници ги воодушевија гледачите на Евросонг со својот настап во првата полуфинална вечер. Дуото „Shkodra Elektronike“ ја изведе песната „Зјерм“ и се пласираше во финалето.

Моментално се наоѓа на деветтото место на сајтовите за обложување на Евросонг.

Во рок од 10 часа од објавувањето, нивниот настап собра 144.000 прегледи на Јутјуб, а позитивните коментари само се редеа.

Песната е на албански јазик, а преводот на името на песната е „Оган“.

Кои се претставниците на Албанија?

„Shkodra Elektronike“ е италијанско-албанско фолктроничко дуо основано во 2019 година во Скадар, град во северозападна Албанија, составено од членовите Коле Лаца и Беатриче Ѓерѓи. Станува збор за албански имигранти кои пораснале во Италија.


Тие стекнаа популарност во Албанија со објавувањето на успешни синглови како „Ku e Gjeta Vedin“ и „Synin si Qershia“ во 2020 година. Исто така почнаа да настапуваат на разни меѓународни фестивали.

Музиката на „Shkodra Elektronike“ се карактеризира со фузија на жанрови како што се електронска музика, поп и традиционална албанска музика. Нивните песни честопати се занимаваат со теми како љубовта и секојдневниот живот.