[ФОТО] "Citroën Xsara" дефинитивно не е за ова

Точка

13/05/2025

16:48

855

Големина на фонт

а а а

Полицијата од општината Кастиљеја де ла Куеста, близу Севиља во Шпанија, пред неколку дена објави необични фотографии од случај забележан на локалните патишта.

При рутинска контрола, нивните тамошните службеници застанале "Citroën Xsara" и на совозачкото седиште, како и на задната клупа, забележале несекојдневен товар.

Застанатиот „мајстор“ буквално натрупал куп тули во возилото, без никакви мерки за обезбедување на товарот – едноставно ги натоварил и тргнал на пат.

„Загрижени сме за безбедноста во сообраќајот, но и за безбедноста при работа. Товар не смее да се транспортира на ваков начин“, објавија од полицијата на социјалните мрежи, прикачувајќи неколку фотографии од "Xsara"-та преполна со тули, пренесува "Autonet".

За градежникот-аматер од Севиља, ситуацијата стана уште полоша кога полицијата утврди дека тој нема ниту законско живеалиште во Шпанија, ниту пак дозвола за престој.

На полицајците кои го застанале, наводно им рекол дека градежниот материјал го носи на градилиште каде што работи. Не е објавено кои сè последици ги сносел поради повеќекратните прекршоци.

„Овој беше на пат кон Саграда Фамилија“, се пошегувал еден Шпанец на Твитер.