Денвер направи голем пресврт против Оклахома и се врати од „минус 15“ на четвртиот натпревар во полуфиналето на Западот, но кога се чинеше дека Јокиќ, Мареј и останатите прават важен исчекор кон нова победа, гостите ги одбија налетите и заиграа извонредна одбрана.
Тандерси покажаа карактер и на крајот се изборија за многу важна победа која ја израмнува серијата на 2:2, и тоа во натпревар кој ќе се памети и по еден неславен и негативен рекорд за двете франшизи.
Денвер одигра катастрофална прва четвртина во која постигна само осум поени, а фактот што и Оклахома не блескаше со 17 направи да ја гледаме најлошата плејоф четвртина во историјата.
Двата тима го израмнија негативниот рекорд по најмал број на дадени поени во воведната четвртина во плејоф натпревар, па оттаму и неефикасниот натпревар во кој гостите на крајот славеа со 87:92.
Јокиќ имаше најдобри бројки зад своето име со 27 поени, 13 скокови и 3 асистенции, но до израз дојде подобрата тимска игра на гостите кои имаа расположение играчи во Гилџес Александер (25 поени) и дури петмина со двоцифрени број на поени.
На вториот натпревар кој се одигра во Америка, Индијана направи сериозен исчекор кон конференциско финале, бидејќи Пејсерси го надиграа Кливленд со 129:109 и сега се на само една победа од завршницата на Истокот.