Енрике го издвои мечот кој бил пресвртница за ПСЖ во оваа сезона: Тоа беше…

Дерби

08/05/2025

11:31

517

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен оствари две победи над Арсенал и со вкупно 3-1 обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите кое на крајот на овој месец ќе се одигра во Минхен.

Францускиот тим прво славеше во Лондон со 1-0, а вчера во Париз триумфираше со 2-1 и со тоа дојде до вториот натпревар за титулата во ова натпреварување, прв од 2020 година кога загуби од Баерн Минхен во Лисабон.

Тренерот Луис Енрике е среќен поради остварениот резултат, па во свој стил се пошегува и ги поздрави оние кои коментираа/ коментираат дека доѓаат и играт во фармерска лига, а токму тие ги решија Ливерпул, Астон Вила и Арсенал на патот до финалето, плус го добија и Манчестер Сити во групната фаза.

- Лига на фармери, нели? Ние сме во лигата на фармери. Но, убаво е. Уживаме во резултатот и комплиментите од сите што зборуваат за нашиот тим – нашиот менталитет, како играме. Убаво е. Микел Артета е одличен пријател, но воопшто не се согласувам [дека Арсенал заслужи да победи]. Тие играат како што сакаат и сакаат да играат, но во двата натпревари постигнавме повеќе голови од нив и тоа е најважното нешто. Арсенал одигра одличен натпревар и многу страдавме, но заслуживме да стигнеме до финалето.

- Како ќе ја освоите Лигата на шампионите без одличен голман? Џиџи [Донарума] беше феноменален, како што беше во секоја рунда, како на пример против Ливерпул. Како ќе ја освоите Лигата на шампионите без добра одбрана? Тие беа феноменални, - вели Шпанецот кој победата над Манчестер Сити од 4-2 ја посочи како пресвртница за „светците“ во оваа сезона.

- Пресвртницата беше натпреварот против Манчестер Сити во кој губевме со 0-2. Но, во статистиката за групната фаза, бевме меѓу најдобрите во Европа. Ние сме фер финалисти. Тоа многу значи. Сите сонуваа да стигнат до финалето на Лигата на шампионите, а нашата прва цел кога пристигнавме во Париз беше да испишеме историја и сме на вистинскиот пат, - порача Енрике.