[ВИДЕО] Ова ќе го промени фудбалот од корен

Точка

08/05/2025

11:06

1.059

Големина на фонт

а а а

Фудбалот наскоро би можел да претрпи вистинска револуција, а зад потенцијалната промена стои никој друг освен Арсен Венгер — легендарниот тренер и актуелен директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА.

Неговата идеја би можела од основа да ги смени правилата на играта, а посебно ќе ги израдува навивачите, бидејќи според најавите, ќе донесе пофлуидна игра и ќе им ја олесни работата на судиите.

Венгер се осврна на историјата на правилото за офсајд и објасни зошто дошло време за промени.


„Кога одлучивме, пред воведувањето на ВАР, дека играч не е во офсајд ако е на иста линија со дефанзивецот, тоа беше во 1990 година. По Светското првенство во Италија, немаше голови што се признаваа ако играчот е во офсајд, дури и кога бил на иста линија со одбранбениот играч. Таа 1990 година беше донесена одлука дека играч повеќе не е во офсајд ако е на иста линија со дефанзивецот“, објасни Венгер.

„Во случај на сомнеж, предноста оди кај напаѓачот. Тоа значеше дека кога има минимална разлика — како што денес гледаме — напаѓачот порано имаше предност. Со ВАР таа предност исчезна. И многу луѓе, мислам особено во Англија, избројаа 37 поништени голови поради минимален офсајд. И тоа е фрустрирачки. Затоа и го предложив тоа. Но, сè додека кој било дел од твоето тело е во иста линија со дефанзивецот — не си во офсајд“, додаде легендарниот стратег.

Она што е особено важно е — кој и кога ќе ја донесе конечната одлука за оваа голема промена.

„За една година, одлуката ќе ја донесе ИФАБ, не јас — туку ИФАБ“, заврши Венгер.