Гундоган размислува за следниот чекор во кариерата: Тоа е интересно за мене

Дерби

08/05/2025

11:47

293

Големина на фонт

а а а

Илкај Гундоган ја игра втората епизода во редовите на премиерлигашот Манчестер Сити, тим за кој настапуваше седум години, па потоа замина за кратко во Барселона за по една кампања одново да се врати на „Итихад“.

И тој не прослави како и целата екипа на Сити во оваа сезона, но истата сепак може да се заврши со трофеј во ФА Купот и место во Лигата на шампионите со што сепак би можело да се каже дека има позитивни работи кои ја одбележале натпреварувачката 2024/2025.

Гундоган за неколку месеци ќе го прослави 35 роденден, па иако засега не размислува за пензија веќе има идеја што би бил следниот чекот во кариерата.

- Да бидам асистент на Пеп би ми било многу интересно. Тоа [да биде тренер] не е нешто за кое размислувам во моментов. Чувствувам дека навистина уживам во фудбалот. Не само уште една година, туку барем две, можеби дури и три или четири. Воопшто не се плашам, возбуден сум, а моето тело е сè уште во добра форма, - вели Германецот кој даде краток коментар за заминувањето од Барселона.

- Имав чувство дека е подобро да си заминам. Чувствував дека клубот е за тоа, главно од финансиски причини, иако мислев дека имав многу добра прва сезона. Би сакал да се сретнам со Флик, но тоа не беше случај, бидејќи клубот очигледно имаше други планови, - порача играчот за врска.