Неверојатна трансформација на Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, кој не дозволи голем инцидент во боксот и последното место во спринтот да го обесхрабрат – само неколку часа подоцна, на истата патека, забележа најдобро време и ја освои пол-позицијата за Големата награда на Мајами.
Ферстапен немаше добар ден на спринтот – дури беше последен поради судир со Андреа Кими Антонели, кога при излегување од бокс удри во неговиот болид. Сепак, поразителниот резултат не го спречи да се собере и доминира во квалификациите, што само ја нагласува неговата ментална сила и способност за брза адаптација.
Во првиот стартен ред до Ферстапен ќе биде Ландо Норис (Мекларен), кој победи на спринтот и ја освои максималната бодовна квота. Третото најдобро време го имаше Антонели (Мерцедес), кој со тоа се искупи за лошиот настап во спринтот, каде од пол-позиција заврши дури седми.
Max Verstappen received a 10-second penalty for unsafe release. He collided with Kimi Antonelli at the pit lane in the sprint race 😱 pic.twitter.com/ef8s2CAjfT
— ESPN F1 (@ESPNF1) May 3, 2025
Оскар Пијастри (Мекларен) се квалификуваше четврти, иако неговите перформанси во Q1 и Q2 најавуваа подобар пласман. Потоа следуваат Џорџ Расел (Мерцедес), Карлос Саинц и Александар Албон (двајцата од Вилијамс), Шарл Леклер (Ферари), Естебан Окон (Хас) и Јуки Цунода (Ред Бул).
Големо разочарување е Луис Хамилтон, кој во болид на Ферари успеа да стигне само до 12. место. Сериозни прашања се поставуваат и во Астон Мартин, бидејќи и Фернандо Алонсо и Ленс Строл беа елиминирани уште во првата рунда од квалификациите – алармантен резултат за тим со големи амбиции.
Во спринтот што се возеше пред квалификациите, бодовите беа распределени вака:
Норис – 8 поени,
Пијастри – 7,
Хамилтон – 6,
Расел – 5,
Строл – 4,
Цунода – 3,
Антонели – 2,
Гасли – 1.
Големата награда на Мајами се вози вечерва од 22 часот по македонско време.