Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се осврна на периодот кога работеше во Манчестер Јунајтед пред три и пол години, како оперативец и како менаџер.
Во тоа време, тој имаше неколку интересни предлози кои не беа прифатени од англискиот гигант.
Тој брзо си замина, Ерик тен Хаг го наследи, а откако не ги исполни очеквањата на неговото место дојде Рубен Аморим. Ниту Португалецот не успеа да ги порави работите, проблемите се исти како и тогаш.
„На крајот од таа сезона кога бев во клубот, требаше да се направат само неколку основни работи. И, всушност, од тогаш до денес, беа потрошени 750 или 800 милиони евра, а на табелата во Премиер лигата клубот е драматично полош отколку што беше тогаш“, рече Рангник и додаде:
„Го доведоа Аморим на средина од сезоната, кој игра со тројца или петмина во последната линија, а тимот е прилагоден да игра со четворица во одбраната. Сето ова е јасно видливо на теренот, особено во Премиер лигата против тимови што Манчестер Јунајтед би морал да ги победи. Во ред, во Лига Европа успеаја да свртат некои ситуации, како против Лион“, рече германскиот стручњак.
И покрај сите неволји, Манчестер Јунајтед е на добар пат да се пласира во финалето на Лига Европа. Освојувањето на трофејот во ова натпреварување би му обезбедили место на Јунајтед во Лигата на шампионите, иако е само 14-ти во Премиер лигата.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, Јунајтед го победи Атлетик во Билбао со 3:0, и треба да се случи вистинско чудо за да не се најдат во борбата за трофејот. Во финалето ќе играат против подобриот од двата натпревари, Тотенхем – Боде Глимт. Клубот од Лондон го доби првиот натпревар на домашен терен со 3:1.
„Со освојувањето на Лигата на Европа, тој би можел да ја спаси сезоната, бидејќи би се квалификувал за Лигата на шампионите. Се друго би било разочарување и би било интересно да се види што ќе се случи потоа“, заклучи тренерот на Австрија.