Одложено објавувањето на "GTA VI", фановите разочарани: „Ми го скршивте срцето“

Точка

02/05/2025

18:36

813

Големина на фонт

а а а

"Rockstar Games" објави дека излегувањето на новото продолжение на играта "Grand Theft Auto VI "се одложува за 26 мај 2026 година.

Иако датумот на излегување досега не беше официјално потврден, постоеше општ консензус дека играта ќе пристигне на конзолите до крајот на оваа година, додека љубителите на играње на "PC" ќе мора да почекаат нешто подолго. Но, изгледа дека ни од тоа нема ништо.

„"Grand Theft Auto VI" сега е закажан за објавување на 26 мај 2026 година. Искрено ни е жал што тоа е подоцна отколку што очекувавте. Интересот и возбудата што се создадоа околу новата "GTA" игра беа навистина инспиративни за целиот наш тим. Ви благодариме за поддршката и трпението додека ја довршуваме играта“, стои во соопштението на развојниот тим објавено на официјалната веб-страница и на социјалните мрежи.

Реакциите од фановите не изостанаа:

„GTA 7 ќе излезе пред GTA 6“, „Сакаме уште една најава“, „Сите знаевме дека ова ќе се случи“, „Ако престаневте да го ажурирате "GTA 5," немаше да доцните“, „За малку ќе го искршев телефонот од среќа – додека не ја видов годината“, „Ми го кршите срцето“.

"Grand Theft Auto V" излезе во 2013 година, што значи дека ќе поминат цели 13 години пред да се појави следниот дел од серијалот. Иако веста разочара многумина, барем е објавен конкретен датум на лансирање до кој фановите можат да одбројуваат.


Сепак, постои еден проблем – овој датум најверојатно се однесува само на верзијата за конзоли, која традиционално излегува пред "PC" верзијата. Колку уште ќе чекаат "PC" гејмерите, засега останува непознато.