[ВИДЕО] „До заби“ вооружените војници на Ким во жестока акција: Погледнете како се снаоѓаат Севернокорејците во Русија - Снимките кажуваат сè

Точка

30/04/2025

21:05

3.006

Големина на фонт

а а а

Руското Министерство за одбрана за прв пат објави снимка од војници од Северна Кореја кои се обучуваат во Русија, пред да одат во борбени мисии.

Снимката трае 77 секунди, а ја објавија државните медиуми, и на неа може да се види како за време на обуката, војниците од Северна Кореја користат модерно оружје, вежбаат движење на фронтот, пукаат од засолниште, чистат ров.

Се работи за стандардно пешадиско оружје кое се користи во војната во Украина, објави „Бизнис инсајдер“.

Некои од севернокорејските војници носеле пушки АК-12, модуларни автоматски пушки од петта генерација кои влегоа во употреба во Русија околу 2020 година. Неколку пушки се опремени со рефлексни нишани.

Дома, севернокорејските војници тренираат и се борат со пушки Тип-88, локализирана верзија на советската пушка АК-74.

Снимките исто така ги прикажуваат војниците на обука со снајперската пушка СВД, позната и како „Драгунов“, како и митралезот ПК со појасно полнење.

Друг кадар прикажува војник како користи РПГ-7, фрлач на гранати што сè уште се користи во руската војска. Тој испукува кумулативна граната дизајнирана да уништува тенкови.

Меѓутоа значајно е што целото ова лесно пешадиско оружје е на списокот на опрема што, според украинската воена разузнавачка служба, Русија им ја испорачува на севернокорејските трупи од ноември 2024 година.

На снимката, исто така, се гледа војник како пука во воздух од полуавтоматска пушка со калибар 12, позната како „Вепр-12“, опремена со продолжена цевка. Овој тип на додаток најчесто се користи за борба против дронови бидејќи го стеснува ширењето на зрното и го зголемува дометот на оружјето.

Познато е дека и украинските и руските војници користат сачмарки за соборување беспилотни летала од мала оддалеченост, а севернокорејските војници се обучуваат со такви сачмарки и токму за таа цел.

Руското Министерство за одбрана тврди дека војниците на снимката се дел од севернокорејските сили распоредени во Курск, каде што Пјонгјанг наводно испратил илјадници војници како засилување на руските трупи.

Сојузништвото на Русија и Северна Кореја предизвикува загриженост на Западот

Оваа снимка доаѓа откако Русија и Северна Кореја за прв пат минатиот викенд, јавно признаа за дека севернокорејските трупи учествуваат во борбите против украинските сили, по месеци молчење и покрај растечките докази за вмешаност на Пјонгјанг.

Нивното партнерство предизвика „тревога“ на Запад и во Јужна Кореја, каде што се стравува дека севернокорејските трупи стекнуваат вредно борбено искуство и учат да војуваат со и против модерно оружје и беспилотни летала.


Многу од овие војници биле испратени во пешадиски напади на првата линија, кои честопати завршувале со смрт или сериозни повреди. Оваа тактика стана белег на руската стратегија за исцрпување на украинските ресурси. Првите извештаи од фронтот ги опишуваа севернокорејските трупи како неподготвени, без знаење како да се справат со експлозивни дронови и претрпувајќи големи загуби.

Меѓутоа, постојат знаци дека тие се приспособуваат. Украина наводно запленила цртеж од заробен севернокорејски борец на кој е прикажано како да се намами дрон користејќи друг соборец како мамка. Исто така се верува дека за севернокорејските трупи за прв пат имале можност да ја набљудуваат украинската употреба на модерно оружје, како што се ракетните системи ХИМАРС и тенкот Абрамс.


На бојното поле, тие се покажале како далеку поупорни од нивните руски сојузници, напаѓајќи во фронтални „бранови на жива сила“, честопати без поддршка од оклопни возила. Украинските војници рекле дека им е тешко да заробат Севернокорејци бидејќи тие често се обидуваат да извршат самоубиство наместо да се предадат.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент претходно оваа недела изјави дека Вашингтон останува загрижен поради распоредувањето на севернокорејските трупи, велејќи дека трети земји како Северна Кореја „ја продолжуваат војната меѓу Русија и Украина“ и сносат дел од одговорноста.