[ВИДЕО] Додека Европа беше во паника поради прекинот на електричната енергија, Шпанците „мува не ги лазела“: Погледнете што правеле

Точка

30/04/2025

19:50

1.368

Големина на фонт

а а а

Додека поединци плачеле или дури имале напади на паника поради масовниот прекин на електричната енергија во Шпанија, според сведочењето на еден од патниците во метрото, други изгледале сосема безгрижно – се сончале на тротоарите, свиреле гитари, играле фудбал и карти или читале книги.

„Ова е како вовед во војна“, рекол Луис, кој живее северно од Лисабон, главниот град на Португалија, откако дознал дека три европски земји, од непозната причина, останале без електрична енергија.


Виктор, кој 40 минути бил заробен во метрото во Шпанија откако снемало струја, рекол дека некои луѓе „плачеле, имале напади на паника“ и дека настанал „тотален хаос“.


Со затворени институции, без метро, телефони, интернет, компјутери, банкомати, сето она без кое денес тешко можеме да го замислиме животот, биле жителите на Шпанија и Португалија откако овие две земји, заедно со делови од Франција, останале без електрична енергија.


Струја немале со часови, и не се знаело кога ќе ја добијат, а се чини дека многумина од нив, барем судејќи според снимките објавени на социјалните мрежи, „мува не ги лазела“. Групи претежно млади луѓе ги преплавиле плоштадите во Барселона. Некои седеле на пешкири и се сончале, други играле карти, танцувале со звуците на гитарата, а некои дури отишле на плажа.


Едно е сигурно, во секое лошо постои и нешто добро, а тоа е дека луѓето се зближиле едни со други наместо да живеат виртуелни животи.


Кога стигнала струјата, според еден корисник на социјалните мрежи, „се славело повеќе од голот на Иниеста“, а официјалната причина за прекинот сè уште не е објавена.