На глобалниот Women in Tech® Самит одржан во Осака, Јапонија, Women in Tech Македонија по вторпат доби награда за светски лидер во поддршка на жени и девојки во технологија како највлијателна земја во глобалната мрежа која брои над 100 држави.
Оваа награда ја потврдува силата на една мала, но моќна заедница што со визија, страст и посветеност менува животи и гради инклузивна иднина.
“Women in Tech Македонија е повеќе од платформа – тоа е заедница што обединува луѓе околу идејата дека знаењето треба да биде достапно, можностите – еднакви, а поддршката – континуирана.
Благодарна сум на секој ментор, секој партнер, секој што ни даде доверба и ни помогна да стигнеме до тука. И ова е само почеток“” – изјави Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Macedonia.
Нашата земја се издвојува меѓу повеќе од 100 земји благодарение на динамичните програми, постојаната вклученост во заедницата и придонесот за раст и поддршка во професионалниот развој на жените и девојките во технологијата.
„Ова признание доаѓа симболично на Меѓународниот ден на девојчиња во ИКТ – и токму затоа има посебна тежина. Тоа е потврда дека кога работиме со срце и визија, ниедна пречка не е преголема. Македонија можеби е мала по територија, но е голема по влијание.“ - изјави Моника Ризовска Таневска, основач и директор на Women in Tech Македонија.
Дополнително она што Women in Tech ја прави навистина моќна иницијатива е нејзината глобална заедница – мрежа од над 100 земји, со заедничка мисија и вредности. Да се биде дел од Women in Tech не значи само пристап до локална поддршка и нетворкинг – тоа значи пристап до глобални ресурси, ментори, програми за стипендии, конференции, инвестиции, вмрежување и можност за меѓународни соработки.
Членството во Women in Tech отвора врати кон:
🔹 Настани и конференции со глобални лидери во технологијата
🔹 Можности за меѓународно менторство и едукација
🔹 Поврзување со професионалци и компании ширум светот
🔹 Пристап до ексклузивни обуки, објави за работни позиции и tech-трендови
🔹 Промоција на женски лидери и претприемачи на глобално ниво
Оваа заедница е мост што ги поврзува девојките од сите земји со најголемите иновациски центри во светот, вклучувајќи и NASA истражувачкиот центар.
Успехот на Women in Tech Македонија е резултат на стотици иницијативи: од конференции како WITCON, PM2, QA Trends и UI/UX, до хакатони како Ways2Help, менторски програми, обуки за лидерство и стратешки соработки со универзитети, компании и партнери. Овие програми овозможуваат на девојки и жени пристап до едукација, вработување и лидерски можности во секторот.
Инспиративна приказна е онаа на Дина Дамјановиќ, која од сопственичка на хостел, преку обука од Women in Tech, влезе во светот на програмирањето и денес води ИТ фирма. Преку вакви примери, организацијата покажува дека вистинската трансформација почнува од поддршката.
Дина Дамјановиќ во средина
Атмосфера од Ways2Help хакатон
Нашата врата е отворена – за секој жена која сака да научи, за секој маж кој верува во еднаквост, за секој партнер, соработник што сака да инвестира во иднината. Ако сакате да бидете дел од нашата заедница, приклучете се преку оваа форма. Членството е бесплатно, а можностите – неограничени.
Women in Tech Macedonia ги поканува и сите што веруваат во инклузивен и напреден ИТ екосистем да бидат наши партнери во оваа мисија преку оваа форма.
Комерцијален текст