НБА призна: Судиите не досудиле чисти фаули над Дончиќ и Хардавеј во клучните моменти

Дерби

29/04/2025

11:54

572

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс и Детроит Пистонс ги загубија последните плејоф пресметки со Минесота, односно Њујорк, а и двете екипи имаа сериозни забелешки за судиите по тие натпревари.

НБА лигата ги анализираше случувањата во завршницата на средбите и официјално призна дека двете екипи биле оштетени во клучни моменти, што секако нема да донесе никаков ефект за поразените тимови.

На натпреварот меѓу Минесота и Лејкерс, Дончиќ беше сопнат од МекДениелс на 33 секунди до крајот и моментите кога гостите бркаа негатива, судиите не реагираа, а Словенецот бараше тајм-аут за колку толку да ја спаси ситуацијата.

Тренерот Џеј-Џеј Редик беше гневен на судиите, а на крајот Минесота стигна до победа за водство во серијата со 3:1 и прашање е дали Лејкерс можат да размислуваат за враќање од ваква негатива.

Судиите направиле уште поголема грешка на дуелот меѓу Детроит и Њујорк, на кој Тим Хардавеј џуниор шутираше за победа во последната секунда, а не беше санкциониран контактот кој го иницираше Џош Харт. Домаќините не добија слободни фрлања и го загубија натпреварот, а НБА лигата потврди дека контактот бил за лична грешка.