Голден Стејт и Хјустон одиграа драматичен натпревар, на истиот победникот се решаваше во последните напади, а на крајот клучни беа поените и потезите на Џими Батлер.
Батлер уште еднаш покажа колку е значаен за овој тим на „воините“, па по враќањето од паузата поради повреда, постигна три слободни фрлања на помалку од минута до крајот на средбата, имаше клучен дефанзивен скок, па уште две „пенал“ реализации на спротивната страна.
Ванвлит се обиде со тројка да извлече продолжение, но не успеа да погоди, по што Вориорс го добија натпреварот со 109:106 и стигнаа до предност од 3:1 во серијата со Хјустон.
VANVLEET FOR THE TIE 🔥 pic.twitter.com/Q4OLhnsZ0H
— BricksCenter (@BricksCenter) April 29, 2025
Батлер го заврши натпреварот како најефикасен во својот тим со 27 поени, Подзиемски реализирал 26 поени, додека Шенгун бил најефикасен на теренот со 31 поен, но и тој не реализираше во претпоследниот напад.