Норвешката репрезентација вчера испушти предност и дозволи пресврт на Велс на натпреварот од Лигата на нации, а на поразот повторно му кумуваше голманот Ерјан Ниланд.
По грешките кои ги направи на дуелот со Португалија, Ниланд беше далеку од сигурен и на вчерашното гостување, па по инволвираноста во ситуацијата во која соиграч доби црвен картон, реагираше лошо и при слободниот удар кој ја донесе победата за противникот.
Селекторот Стале Солбакен не криел дека е фрустриран од слабата форма на првиот норвешки голман, па веднаш по вчерашната средба најавил дека на гостувањето во Португалија на голот ќе биде Егил Селвик.
– Егил веќе знае дека ќе брани против Португалија, заслужи такво нешто.
– Тоа не значи дека тој ќе биде стартер и во иднина, но шансите се големи. На Ниланд му се потребни настапи со клубот (РБ Лајпциг) во Бундеслигата, Лигата на шампионите и другите натпреварувања, тогаш без проблем ќе го врати посакуваниот ритам и форма, – рекол Солбакен.
Германските медиуми потенцираат дека Ниланд не е прв избор и во РБ Лајпциг, па се чини дека тешко ќе може да го врати првотимскиот статус во норвешката репрезентација, посебно ако Селвик ги оправда очекувањата на селекторот во Порто.








